24фудбал

Суарез му донесе многу важна победа на Уругвај (ВИДЕО)

Уругвај со 1-0 победи на гостувањето кај Парагвај благодарение на гол на Луис Суарез.

Јужна Америка

Уругвај води тешка битка за пласман на Светското првенство, па во овој момент секоја победа може да биде пресудна.

Тие беа подобар противник на гостувањето кај Парагвај, особено додека да постигнат погодок.

Мечот беше решен во 50. минута кога по асистенција од Годин, Луис Суарез погоди за победа на Уругвај од 1-0.