24фудбал

ВАР двапати го спаси Алисон од црвен картон, Еквадор дојде до реми против Бразил (ВИДЕО)

Еквадор и Бразил одиграа нерешено 1-1 во груб натпревар во кој главната улога ја имаше ВАР.

Јужна Америка

Бразил дојде во водство уште во 6. минута од натпреварот со гол на Касемиро.

Во 15. минута голманот на Еквадор доби директен црвен картон откако стартуваше со копачка во грло. Но само пет минути подоцна силите беа израмнети, Емерсон Ројал заработи втор жолт картон.

Во 31. минута судијата му покажа црвен картон и на Алисон, но по интервенција на ВАР одлуката беше променета, доби жолт картон.

На 15. минути пред крајот Еквадор со гол на Торес дојде до изедначување на 1-1.

Во самиот финиш на домаќините им беше досуден пенал, а на Алисон повторно му беше покажан црвен картон, но и овојпат по интервенција на ВАР одлуката беше променета. Резултатот остана 1-1.