Категорија: Англија 27.01.2022 10:18
Дибала е поблиску до заминување од Јувентус отколку до потпишување на нов договор со италијанскиот гигант.
Според „Газета дело Спорт“, Манчестер Сити е подготвен да му понуди договор според кој ќе заработува 10 милиони евра по сезона.
Тоа е сумата за која Дибала постигна договор со Јувентус пред неколку месеци, но потоа клубот се предомисли и му даде помала понуда.
Покрај Манчестер Сити, интерес за Дибала има и од Ливерпул, Тотнем, се поврзуваше и со Манчестер јунајтед и Челси.
Од италијанските клубови Интер е заинтересиран за него, но се верува дека Дибала нема да направи трансфер во лутиот ривал на Јувентус од почит кон клубот.