24фудбал

Зајков се сели во Украина, потпиша за Ворскла

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Ѓоко Зајков е нов фудбалер на Ворскла Полтава од Украина откако претходно го раскина договорот со Левски.

Македонија

Ѓоко Зајков не се изнаигра во Левски, од таму замина по само шестмесечен престој, но брзо најде нов клуб.

Тој стави потпис на договор со Ворскла Полтава за која веќе имаат играно двајца Македонци, Филип Деспотовски кој таму беше од 2008 до 2010 и Адис Јаховиќ кој играше во сезоната 2013/14.

Зајков стави потпис на две ипол годишен договор и веќе оддржа тренинг со новиот тим.

„Ќе бидам среќен ако помогнам во остварувањето на целите на Ворскла, со моето искуство и квалитет ќе се обидам да помогнам во остварувањето на тие највисоки цели“, рече Зајков.