24фудбал

Ливерпул подготвува понуда за Дибала

Преговорите помеѓу Јувентус и Дибала влегоа во застој откако клубот од Торино ги пролонгираше истите, што наиде на незадоволство кај Аргентинецот и чувство на недоверба.

Англија

Се верува дека Ливерпул подготвува понуда за Пауло Дибала во случај Аргентинецот да си замине од Јувентус како слободен играч на лето, иако Интер остануваат главни фаворити за неговиот потпис.

Како што е познато, актуелниот договор на 28 годишниот Дибала истекува на лето, а се појавија низа прашања околу иднината на Аргентинецот во клубот од Торино по ангажманот на напаѓачот Душан Влаховиќ, прашања кои се однесуваат од финансиски карактер.

Шпекулациите во Италија велат дека Дибала веќе го одбил Тотнем, а не би имал ништо против да го облече дресот на Ливерпул, иако се споменува Интер како фаворит во трката за неговиот потпис.