24фудбал

Фенербахче му фрли око на Мирчевски од Академија Пандев

Младиот крилен напаѓач игра во животна форма, а за брзо го привлече вниманието на турскиот гигант кој претходно имаше доста успешна приказна со Елиф Елмас.

Македонија

Турскиот гигант Фенербахче пријавува сериозен интерес за ангажман на 24 годишниот фудбалер на Академија Пандев, Мартин Мирчевски.

Крилниот напаѓач игра во животна форма со тоа што има импресивна статистика сезона во нашиот домашен фудбалски шампионат, односно 16 погодоци и 4 асистенции на 18 настапи за клубот од Струмица.

Актуелниот договор на Мирчевски со Академија Пандев има важност до идната година, а во таборот на Струмичани дојде од редовите на Вардар минатото лето.