24фудбал

Зајков се раздели со Левски

Македонецот мина само една полусезона во дресот на бугарскиот прволигаш кој и официјално ја потврди разделбата со својот довчерашен фудбалер.

Македонија

26 годишниот македонски стопер Ѓоко Зајков е во потрага по нов клуб откако по обостран договор со Левски ја прекина соработката со бугарскиот прволигаш, за што пристигна и потврда од самиот клуб.

Левски се раздели со Ѓоко Зајков, договорот помеѓу клубот и фудбалерот ќе биде прекинат по обостран договор, раководството и спортско-техничкиот штаб на Левски искажуваат благодарност до Зајков за придонесот и професионалниот однос со синиот дрес“ стои во дел од објавата на бугарскиот тим на социјалните мрежи.

Зајков актуелнава сезона запиша 14 настапи за Левски на кои постигна по еден гол, но и една асистенција.