24фудбал

Шкупи ремизираше со Черноморец Одеса (ВИДЕО)

За лидерот во македонскиот фудбалски шампионат претстои контролката со руски Ахмат Грозни, која е предвидена да се одигра во понеделник.

Македонија

Чаирчани ја одиграа и третата  контролка на зимските подготовки во Анталија, па така по поразот од полскиот тим Лех Познањ со 1-4, односно победата над азербејџански Шумкајт со 2-1, денеска ремизираа во тестот со украинскиот тим Черноморец Одеса со 1-1.

Расин во 22 минута ги доведе во водство Черноморец Одеса со 1-0, а на 1-1 израмни Ѓорѓиевски во 63 минута, кој уште во тие моменти од пресметката го постави конечниот исход.


Фото-вест: FC Shkupi (Faceboook, архива, Шкупи – Шумкајт)