24фудбал

Готово е, Интер и Аталанта си подадоа рака за трансфер на Госенс

Робин Госенс ќе стане нов играч на Интер откако нероазурите постигнаа договор со Аталанта, трансферот треба да биде комплетиран утре.

Италија

Интер на Аталанта ќе ѝ плати 22 милиони евра плус 3 милиони евра во бонуси за Робин Госенс.

Фудбалерот ќе потпише договор со 2,5 милиони евра плата по сезона плус бонуси.

Тој утре треба да ги помине медицинските прегледи по што и официјално ќе биде презентиран како ново засилување на Интер.

Интересно, Њукасл нудеше повеќе пари за да го добие Госенс, и на сметка на обесштетување и плата на фудбалерот 3,5 милиони евра, но тој одби да се пресели во германскиот клуб.