24фудбал

Фиорентина договори замена за Влаховиќ

Фиорентина постигна договор со Базел за ангажман на бразилскиот напаѓач, Артур Кабрал.

Италија

Фиорентина брзо реагираше и најде нов напаѓач откако стана јасно дека Душан Влахович ќе си замине од клубот.

Тие постигнаа договор со Базел за трансфер на Артур Кабрал. Зделката ќе ги чини 16 милиони евра плус бонуси.

Кабрал ќе го потпише договорот и ќе биде презентиран веднаш штом Душан Влаховиќ ќе се пресели во Јувентус.