24фудбал

Официјално: Марсијал во Севиља

Ентони Марсијал до крајот на сезоната ќе настапува како позајмен играч на Севиља од Манчестер јунајтед.

Шпанија

Севиља го потврди своето големо засилување за до крајот на сезоната, Ентони Марсијал е нивниот нов фудбалер.

„Севиља и Манчестер јунајтед постигнаа договор со кој Марсијал ќе дојде во нашиот клуб на позајмица до крајот на сезоната“, потврди Севиља.

Севиља ќе ја плаќа целата плата на Марсијал за време на позајмицата, но нема опција за комплетно да го откупи.