24фудбал

Ериксен тренира со Ајакс во пресрет на трансферот во Брентфорд

Од Холандскиот гигант се одзваа на социјалните мрежи и порачаа дека легендите се секогаш добредојдени, алудирајќи на Ериксен.

Останато

Кристијан Ериксен тренира со неговиот поранешен клуб Ајакс, поточно со младинскиот погон на таа екипа, во пресрет на најавуваниот трансфер во Брентфорд, откако клубот од Премиерлигата пријави сериозен интерес за негов ангажман.

Како за потсетување, плејмејкерот имаше срцев напад за време на последното Европско првенство и избегна смрт откако колабираше на теренот, па иако неговата понатамошна кариера висеше во воздух, сепак тој реши да продолжи со истата.

Ериксен го раскина договорот со Интер по обостран договор, а тренираше со третолигашот од Швајцарија, Киасо, се верува дека Брентфорд ги финализира условите околу неговиот предвиден шест месечен договор.