24фудбал

Кристал Палас и Валенсија се распрашуваат за Ван де Бек, а Манчестер јунајтед постави еден услов

Манчестер јунајтед веќе му дозволи на Ентони Марсијал да замине во Севиља на позајмица, а останува каков ќе биде исходот од случајот со Ван де Бек.

Англија

Кристал Палас и Валенсија се заинтересирани во своите редови да го доведат Дони ван де Бек од Манчестер јунајтед, и тоа на позајмица, но клубот од „Олд Трафорд“ не сака во договорот да постои опција за целосен откуп на неговиот договор.

Холанѓанецот минува уште една сезона низ фрустрации на „Олд Трафорд“, па иако дојде до промена на тренерот, тој се уште не добива адекватна прилика за докажување на теренот.

Фабрицио Романо наведува дека и покрај фактот што Кристал Палас и Валенсија веќе оствариле контакт со Манчестер јунајтед околу можноста за позајмица на Холанѓанецот, но се чека на зелено светло од Ралф Рангник.

Ван де Бек направи трансфер во Манчестер јунајтед од Ајакс во 2020 година, а трансферот ги чинеше „Црвените ѓаволи“ 34 милиони фунти.