24фудбал

Вајналдум нема ништо против да го облече дресот на Арсенал

Се чини дека кратко ќе трае авантурата на Холанѓанецот во составот на ПСЖ, поточно само една полусезона по заминувањето од Ливерпул.

Англија

Џорџино Вајналдум е отворен за идејата да се приклучи на редовите на Арсенал, откако не успеа да се наметне во редовите на ПСЖ, клуб за кого потпиша откако му истече договорот со Ливерпул.

31 годишниот Холандски фудбалер од средниот ред, кој претходно ја освои Лигата на шампионите, но и Премиерлигата со Ливерпул, наводно е очаен во намерата да си замине од француската престолнина.

„Скај Спорт“ известува дека Вајналдум е голем обожовател на Арсенал како клуб, а наводно е заинтересиран да се приклучи на таа екипа и покрај фактот што претходно пет сезони го носеше дресот на Ливерпул.