24фудбал

Барселона е близу до договор за ангажман на Аспиликуета

Шпанскиот фудбалер уште овој месец има можност да преговара со заинтересираните клубови за неговите услуги, со тоа што си заминува од Челси по цели десет години минати во Премиерлигашот.

Шпанија

Барселона е мошне близу до договор за ангажман на бекот на Челси, Цезар Аспиликуета, нешто што се најавува извесен период, а интересот на Каталонците за искусниот фудбалер од поодамна е веќе познат.

„Спорт“ наведува дека преговорите помеѓу Барселона и 32 годишниот Аспиликуета се во напредна фаза, а неговиот актуелен договор со Челси истекува на лето, со тоа што би бил слободен играч на трансфер пазарот.

Неофицијалните информации говорат дека Аспиликуета ќе потпише две годишен договор со Каталонците, а во истиот ќе има опција и за дополнителни 12 месеци.