24фудбал

Хоџсон го презема кормилото на Ватфорд

Искусниот фудбалски стратег ќе се обиде да му помогне на Ватфорд да се избори за опстанок во елитното фудбалско друштво на Островот, а таа цел нема да биде воопшто лесна.

Англија

Ватфорд му врачи отказ на Клаудио Раниери по очајната серија резултати на тимот, а сега ќе го назначат нивниот трет тренер сезонава, а тоа ќе биде Рој Хоџсон, кој ќе се обиде да го спаси тимот од испаѓање во Премиерлигата.

74 годишниот Хоџсон се раздели со Кристал Палас ланската сезона, а на клупата на таа екипа беше четири години, од тогаш па наваму немаше ангажман, но се чини дека е подготвен да му се врати на фудбалот.

Хоџсон ќе потпише шест месечен договор со Ватфорд, кој во последните 14 меча под водство на Раниери запиша 11 порази, а во моментов се наоѓа на претпоследното место на табелата во Премиерлигата, со два бода предност пред последниот Барнли, кој инаку има и два меча помалку.