24фудбал

Марсијал е во Шпанија да комплетира трансфер

Ентони Марсијал ќе го напушти Манчестер јунајтед во овој преоден рок, тој е во Шпанија каде треба да ја комплетира позајмицата во Севиља.

Англија

Манчестер јунајтед и Севиља постигнаа договор за позајмица на Марсијал.

Фудбалерот денеска е во Севиља каде што треба да се комплетираат деталите пред да се стави потпис на договорот.

Се работи за чиста позајмица до крајот на сезоната, Севиља нема опција за одредена сума да го откупи Марсијал.