24фудбал

Во Манчестер јунајтед сериозно размислуваат за Луис Енрике

Шпанскиот фудбалски стратег котира мошне високо на листата на желби на Премиерлигашот во поглед на „жешкото столче“, односно позицијата за тренер на тимот.

Англија

Во Манчестер јунајтед се одлучни во намерата да назначат нов тренер пред идната сезона, за што тврди „Атлетик“, а помеѓу неколкуте кандидати, се чини дека сериозно се издвојува Луис Енрике.

Оле Гунар Солшер доби отказ во ноември ланската година, а Ралф Рангник е привремено решение, по што ќе се пресели на позицијата советник во клубот, по што тренерската позиција ќе биде празна.

Енрике ја предводеше Барселона до тројната титула во 2015 година, а го презеде кормилото на шпанскиот национален фудбалски тим во 2018 година, предводејќи ја „Црвената фурија“ до полуфиналето од Европското првенство во 2020 година, како и до финалето од Лигата на нации.

Освен Луис Енрике, се споменуваат уште и Маурицио Покетино, Ерик тен Хаг, како и Хулен Лопетеги.