24фудбал

Ватфорд го отпушти Раниери по само 112 денови соработка

Ватфорд е претпоследен на табелата во Премиерлигата, а веќе подолг период не можат да излезат од резултатската криза што резултираше со отказ за Италијанецот.

Англија

Ватфорд цели на трет тренер сезонава откако денеска потврди дека се разделува со довчерашниот тренер Клаудио Раниери кој загуби 11 од вкупно 14 натпревари предводејќи го тимот.

На Островот наведуваат дека отказот за 70 годишниот Италијанец се најавувал уште пред еден месец, а сето тоа кулминирало со последниот пораз од директниот ривал за опстанок во елитното друштво, Норич, на свој терен со убедливи 0-3.

Токму Ватфорд и Раниери му пресудија на Оле Гунар Солшер за негов отказ на клупата на Манчестер јунајтед по убедливата победа од 4-1 на свој терен во ноември.