24фудбал

Тотнем и Милан се договорија, но Кеси го стопираше трансферот

Се верува дека во претходните преговори за продолжување на соработката, Милан на својот фудбалер му понуди годишна плата од околу шест и пол милион евра.

Англија

Фудбалерот од средниот ред на Милан, Франк Кеси ја одбил можноста да се пресели во Тотнем, иако се верува дека обата клуба постигнале договор за негов трансфер.

Кеси наводно посакува да го одработи својот договор со „Росонерите“, а истиот истекува на лето, со тоа што интернационалецот од Брегот на Слоновата Коска посакува и да му помогне на својот тим во битката за титулата во Серија А.

Предвидено е 25 годишниот Кеси на лето да биде слободен играч на трансфер пазарот, за што во Италија тврдат дека Милан мака мачи како да се договори за продолжување на соработката со него.