24фудбал

Полицијата ги приведе навивачите на Тотнем кој го гаѓаа Ридигер со тврди предмети (ВИДЕО)

Англиската полиција уапси двајца навивачи на Тотнем кои со запалки и отварач за пиво го гаѓаа Антонио Ридигер за време на лондонското дерби.

Англија

Челси со 2-0 го победи Тотнем и ја оствари третата победа над овој тим во рок од еден месец. Дел од гостинските навивачи тешко го поднесоа тоа, па својот бес го истурија гаѓајќи го Ридигер со тврди предмети.

„Двајца мажи се уапсени поради сомнеж дека фрлиле предмети од трибините во текот на дуелот меѓу Челси и Тотнем. Истрагата е во тек, во соработка со двата тима, за да се идентификуваат и останатите учесници во инцидентот“, соопштија од полицијата.