24фудбал

Ериксен е пред враќање во Премиерлигата

Кристијан Ериксен е блиску до потпис со Брентфорд до крајот на сезоната.

Англија

Ериксен е во напредни преговори со Брентфорд, договорот е подготвен, треба уште да се потпише, но претходно мора да се завршат сите формалности.

Во случајот на Ериксен, посебно важни се медицинските тестови кои треба да ги помине фудбалерот. Доколку тие бидат успешни, се верува дека Данецот ќе стави потпис на договорот.

Тој сака повторно да игра фудбал, во Премиерлигата тоа може да го прави и со дефибрилатор, за разлика од Серија А каде што не можеше.