24фудбал

Гвардиола би можел да стане селектор на Холандија

Според англиските медиуми, Холандија ќе му понуди договор на Пеп Гвардиола кога неговиот договор со Манчестер Сити ќе истече, во 2023 година.

Англија

Пеп Гвардиола претходно најави дека веројатно Манчестер Сити ќе биде неговиот последен клуб во тренерската клупска кариера, но потоа сака да се проба и како селектор.

Неговиот договор со Манчестер Сити истекува по крајот на идната сезона и веројатно нема да продолжи.

Новите гласини велат дека Холандија подготвува да му го понуди селекторското место кога ќе ја заврши клупската кариера.

Оваа понуда би можело да биде интересна за Пеп од неколку причини, една е поради неговиот „фудбалски татко“ Јохан Кројф, потоа поради офанзивниот и атрактивен фудбал кој се негува во оваа земја како и поради талентираната генерација која ја имаат лалињата.