Дејвид Мојс ја продолжи црната серија кога се во прашања гостувањата во Премиерлигата на Олд Трафорд, попладнево Манчестер јунајтед во последните секунди стигна до триумф од 1-0 над Вест Хем.
Категорија: Англија 22.01.2022 18:06
Во меч со малку шанси и голема битка, Манчестер јунајтед славеше во дуелот со Вест Хем и стигна до три важни бода во битката за место во Лигата на шампиони.
Клучниот момент се случи во последните секунди, Боуен изгуби една топка, „ѓаволите“ тргнаа во контра и Кавани му асистираше на Рашфорд за рутинска завршница и 1-0 во 93. минута.
Резултатот значи продолжување на црната серија на Дејвид Мојс кога се во прашања гостувањата во Премиерлигата на Олд Трафорд, стратегот никако да забележи победа.