24фудбал

Роналдо е неизвесен за мечот со Вест Хем, потврди Рангник

Предводникот на „Црвените ѓаволи“ имаше непријатност на гостувањето кај Брентфорд каде мораше да и објаснува на португалската ѕвезда за причините поради повлекувањето од игра.

Англија

Кристијано Роналдо е неизвесен за настап на утрешниот меч против Вест Хем на домашен терен во рамките на новата рунда натпревари во Премиерлигата, за што потврда пристигна и од тренерот на „Црвените ѓаволи“, Ралф Рангник.

Португалецот се здобил со одредена повреда на својот врат за време на гостинската победа кај Брентфорд со 1-3, меч на кој беше повлечен од игра во 70 минута, а реагираше бурно на таа одлука на Рангник.

Роналдо е под знак прашалник, тој има проблем со вратот, во текот на вчерашниот ден имаше третман кој траеше три часа, ќе мораме да сочекаме за да го утврдиме неговиот статус“ рече Рангник.

Инаку германскиот фудбалски стратег објаснуваше дека одлуката да го повлече од игра напаѓачот најпрво била да се избегне ризик при такво водство на фаворитот.