24фудбал

Крадци влегле во домот на Линделоф и го преплашиле неговото семејство

Шефот на стручниот штаб на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник потврди дека стоперот ќе отсуствува на утрешниот меч на домашен терен против Вест Хем за да биде со своето семејство.

Англија

Манчестер јунајтед ќе биде без Виктор Линделоф на утрешната пресметка на домашен терен против Вест Хем, откако крадци влегле во домот на Швеѓанецот и го преплашиле неговото семејство, а немилиот настан се случил вечерта во среда во текот на мечот кај Брентфорд кој „Црвените ѓаволи“ го добија со 1-3.

Сопругата на Линделоф, како и неговиот три годишен син биле во домот тие моменти, а се сокриле во соба при самото влегување на крадците во нивниот дом.

Разговарав со него за време на летот назад од Лондон, утрово разговаравме повторно околу 20, 25 минути, ми рече дека тоа што се случило било доста трауматично, особено за неговата сопруга, а дури и за три годишниот син, тој ми рече дека сега треба да остане во својот дом, не сака да ги напушти сопругата и неговото семејство, јас во целост имам разбирање за тоа, татко сум на две деца...“ рече Рангник.