24фудбал

Три ѕвезди од Серија А поради идентична причина го одбија Њукасл

Клубот од „Сент Џејмс Парк“ е во незавидна ситуација откако од сите можни планови, им успеа досега само да го ангажираат напаѓачот на Барнли, Крис Вуд, воедно како обид да го ослабнат ривалот во битката за опстанок во Премиерлигата.

Италија

Њукасл доби богато сопствеништво, а по автоматизам и богата каса за засилувања, меѓутоа клубот од „Сент Џејмс Парк“ мака мачи како да донесе звучно име во своите редови во јануарскиот преоден рок.

Премиерлигашот веќе беше одбиен од неколку ѕвезди од италијанската Серија А, а предничат Марсело Брозовиќ од Интер, Андреа Белоти од Торино, како и Арон Ремси од Јувентус, а се споменуваа уште Гилсон Бремер од Торино, односно Робин Госенс и Дуван Запата, обајцата од Аталанта.

Како и да е, ниту еден не даде зелено светло за трансфер на „Сент Џејмс Парк“, а во Италија наведуваат дека се работи за идентична причина, поради желбата да играат за клуб на повисоко ниво.

Њукасл на Брозовиќ му понуди осум милиони евра плата по сезона, а Хрватот инаку бара 6.5 милиони евра по сезона во преговорите со Интер.

Се верува дека Ремси го одбил Премиерлигашот поради сомневање околу тоа дали клубот ќе се избори за опстанок во елитното друштво.

Иако не се откажува за Белоти, сепак Њукасл ќе мора да се помири со фактот дека Италијанецот сака да остане во Серија А барем до лето, а тука исто така се споменуваше и нивото на кое Њукасл се наоѓа во моментов по однос на квалитетот.