24фудбал

Мурињо одговори на гласините кои го поврзуваат со Евертон: Не би заминал од Рома за ниту еден друг проект

Жозе Мурињо вели дека сака да го одработи тригодишниот договор со Рома и во тој период не ни размислува за промена на средината.

Англија

Откако му даде отказ на Бените, Евертон тропна на вратата на Мурињо, но доби негативен одговор од Португалецот.

„Не би го променил овој проект за било кој друг и нема да заминам пред да истечат трите години од договорот“, вели Мурињо.

„Во поглед на емоција, пасија, емпатија, јас сум 11 од 10 среќен што работам во Рома. Наистина сум многу, многу среќен што сум во овој клуб каде луѓето ми веруваат. Не можам да бидам посреќен од тоа“.

„Што се однесува до фудбалските аспекти, играњето за да се заврши меѓу четвртата и осмата позиција јасно е дека не е нешто што го сакам, но ова е поинаков проект за мене и ќе бидеме подобри следната сезона“.

„Дадов збор дека ќе останам тука три години и нема да си одам пред тие да истечат. Ова е и мој проект“.