24фудбал

Клоп: Мартинели, запомнете го тоа име!

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп предвидува дека младиот играч на Арсенал, Мартинели ќе стане голема фудбалска ѕвезда во иднина.

Англија

Ливерпул синоќа со 2-0 го победи Арсенал на Емирати и се пласира во финалето од Лига Купот каде ќе игра против Челси.

Мартинели имаше уште една забележителна партија иако не постигна гол, а по мечот младиот Бразилец доби пофалби и од Клоп.

„Мартинели, секој треба да го запамти тоа име. Тој е еден исклучителен фудбалер“, вели Јирген Клоп.