24фудбал

Конте по сензационалниот пресврт: Ја заслуживме победата, ни реми немаше да биде фер

Тотнем синоќа со неверојатен пресврт дојде до победа на гостувањето кај Лестер од 3-2. Спарси губеа до 95. минута кога Бергвајн за две минути постигна два гола и донесе триумф.

Англија

Конте вели дека неговиот тим бил подобар на теренот и ја заслужил победата.

„Голелма победа. Не заслуживме да загубиме, а ниту реми немаше да биде фер. Создадовме многу шанси, но немавме среќа. Сепак покажавме дека никогаш не се предаваме и дека се бориме до крај. Покажавме голема желба да не го загубиме овој меч. Им честитам на играчите, ова е нивна победа, не е моја“, изјави Конте.

Тој е полн со пофалби за херојот на мечот Бергвајн.

„Веќе зборував колку е тој важен за нас. Има карактеристики кои му недостасуваат на тимот, може да игра како напаѓач, како десетка, креативен е, одличен во играта еден на еден. Може да игра од почеток или да влезе од клупа и да го промени текот на мечот, што се случи и сега“.