24фудбал

Рангник објасни зошто го извади Роналдо од игра

Кристијано Роналдо не беше среќен кога во 71. минута беше изваден од игра на вчерашниот меч против Брентфорд, Португалецот видно лут негодуваше на клупата.

Англија

На прес конференцијата Рангник откри дека Роналдо му рекол: „Зошто јас? Зошто ме извади?“.

Германскиот стратег објасни зошто го направил тоа.

„Требаше да одлучам во интерес на тимот. Разбирам дека Роналдо е амбициозен, но можеби кога тој ќе биде тренер во иднина, ќе донесе иста одлука после 75 минути“, вели Рангник.

„Роналдо се врати од повреда, немаше играно една и пол недела. На клупата имавме играчи како Рашфорд и Марсијал, па зошто да не ги искористиме? Повторно би ја донел истата одлука. Роналдо беше подготвен за игра денеска и одлучивме да игра од стартот. Најважно е што победивме и тоа е на прво место“.