24фудбал

Манчестер јунајтед ги освои трите бода од гостувањето кај Брентфорд (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед со 3-1 победи на гостувањето кај Брентфорд и освои три големи бода во борбата за местата кои водат во Лигата на шампионите.

Англија

Во првиот дел Брентфорд пропушти неколку неверојатни шанси, Де Хеа го спасуваше Манчестер јунајтед.

По десет минути игра во вториот дел, младиот напаѓач Еланга погоди за водство на Манчестер јунајтед од 1-0, а седум минути подоцна Гринвуд зголеми на 2-0.

Во 77. минута по асистенција од Бруно Фернандеш, Рашфорд постигна гол за убедливо водство на Манчестер јунајтед од 3-0.

На пет минути пред крајот на мечот, Тони постигна почесен гол за Брентфорд за конечни 1-3.