24фудбал

Лудо, Бергвајн со голови во 95. и 97. минута му донесе победа на Тотнем кај Лестер! (ВИДЕО)

Тотнем со 3-2 победи на гостувањето кај Лестер а до 95. минута губеше со 2-1, Бергвајн е херојот на Спарс, постигна два гола пред самиот крај на мечот.

Англија

Лестер поведе во 24. минута со гол на Дака по една одлична акција, а Кејн во 38. минута го изедначи резултатот.

Во 76. минута Медисон го врати водството на Лестер и како одминуваше времето се чинеше дека тоа ќе биде и конечниот резултат.

Но во самиот финиш се случи чудо. Во 95. минута Бергвајн израмни на 2-2, само што тргнаа од центарот фудбалерите на Лестер ја загубија топката, а по акцијата на Тотнем, Бергвајн повторно постигна гол за победа од 3-2.

Головите на Бергвајн:


Најдобрите моменти од мечот: