24фудбал

Димитриевски би можел со Обамејанг во ист тим, последниот збор го има Арсенал

Напаѓачот од Габон врши детални медицински прегледи на себе по дијагнозата која ја добил поврзана со компликациите од ковид-19, за што наводно се појавиле одредени проблеми со срцето.

Англија

Како што е познато, македонскиот голман Столе Димитриевски се договори со Ал Наср за што Рајо Ваљекано ќе добие десет милиони евра, а клубот од Саудиска Арабија амбициозно тргнал и по потписот на ѕвездата на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг.

„РМЦ“ извести  дека Обамејанг добил понуда од Ал Наср, а понудата се состоела од позајмица со облигација за целосен откуп на неговиот договор за 8 милиони евра.

Сепак, за понудата за 32 годишниот напаѓач од Габон се уште се нема изјаснето Арсенал.