24фудбал

Кристијано Роналдо му поставил ултиматум на Манчестер јунајтед

Според пишувањата на Сан, Кристијано Роналдо го известил Манчестер јунајтед дека ќе замине по крајот на сезоната доколку не биде обезбеден настап во Лигата на шампионите.

Англија

Минатото лето, Кристијано Роналдо на големо изненадување се врати на Олд Трафорд и по втор пат го облече дресот на „ѓаволите“.

Но неговата авантура во Манчестер може да трае кратко, во последно време се почесто се говори дека тој размислува да замине.

Според пишувањата на Сан, Кристијано Роналдо го известил бордот на директори дека ќе го напушти клубот по крајот на сезоната доколку не биде обезбеден настап во Лигата на шампиони.

Ваквиот ултиматум бил пренесен од агентот на ЦР7, кој разговарал со Рочард Арнлод, новиот генерален извршен директор на Манчестер јунајтед.