24фудбал

Руни и Лампард на интервју во Евертон

„Карамелите“ се подготвуваат за претстојната пресметка со Астон Вила во Премиерлигата, а им претстои битка за опстанок во елитното фудбалско друштво на Островот.

Англија

Вејн Руни и Френк Лампард ќе бидат интервјуирани за позицијата шеф на стручниот штаб на Евертон, откако клубот од „Гудисон парк“ се раздели со довчерашниот тренер Рафа Бенитез по очајната форма на тимот.

Руни е поранешен фудбалер на Евертон, а во моментов е на чело на кормилото на Дерби, додека пак Лампард е без ангажман по разделбата со Челси.

Евертон е во потрага по нов тренер, со тоа што не се исклучува ниту селекторот на Белгија и екс тренер на „Карамелите“, Роберто Мартинез, а се споменува дури и поранешниот предводник на Баерн Минхен, Нико Ковач.

Како привремено решение за претстојните натпревари на „Карамелите“, на клупата ќе биде поранешниот легендарен фудбалер на клубот, Данкан Фергусон.