24фудбал

Њукасл испратил амбициозна понуда за Азар, Реал Мадрид прифатил, но Белгиецот одбил

Белгиската фудбалска ѕвезда би можела уште во јануарскиот преоден рок да ја напушти шпанската престолнина, меѓутоа се чини дека Њукасл отпаѓа од конкуренцијата за неговиот потпис.

Англија

Во Шпанија известуваат дека Еден Азар како никогаш досега е близу до заминување од редовите на Реал Мадрид, а Њукасл лансирал амбициозна понуда до Белгиецот.

Се верува дека понудата била прифатлива за Реал Мадрид, но одбиена од страна на Азар, а истата изнесувала 40 милиони евра, дополнително вклучувала и бонуси, а „Дејли Мејл“ наведе дека Белгиецот не бил заинтересиран за трансферот.

Азар наводно посакува трансфер во клуб кој се натпреварува во Лигата на шампионите, а Њукасл иако има амбициозен проект пред себе, сепак во моментов е далеку од елитното европско клупско натпреварување.