24фудбал

Бонучи инсистира дека Јувентус може да ја освои Лигата на шампионите

„Старата дама“ во моментов се наоѓа на петото место на табелата во Серија А по 22 одиграни меча, со девет бода заостанување зад лидерот Интер кој има и меч помалку.

Лига на Шампиони

Дефанзивецот на италијанскиот прволигаш Јувентус, Леонардо Бонучи инсистира на тоа дека оваа сезона се уште може да биде победничка за клубот од Торино, а главната амбиција е освојување на Лигата на шампионите, но и да бидат во топ четирите екипи во Серија А.

Амбициите се да се избориме за пласман во Лигата на шампионите за идната сезона, но и да се бориме до последен момент за да го освоиме тоа натпреварување исто така“ рече Бонучи за официјалниот канал на Јувентус.

Ланската година покажавме дека Јувентус се уште е гладен за успеси, не го освоивме Скудетото ланската сезона, но ја освоивме Копа Италија, како и Суперкупот, со тоа што го дадовме нашиот одговор на прашањето дали сме презаситени од успесите, тоа беше доволен доказ“ додаде стоперот.