24фудбал

Лех Познањ пресилен за Шкупи (ВИДЕО)

Следниот предизвик за избраниците на Гоце Седлоски е контролката против Черноморец Одеса, предвидена да се одигра на 26 јануари.

Македонија

Лидерот во полскиот шампионат Лех Познањ беше пресилен за лидерот во македонскиот фудбалски шампионат Шкупи, кој со убедлив пораз од 4-1 ги стартуваше зимските подготовки во Анталија.

Единствениот гол за Чаирчани го постигна Радески во 69 минута, момент во кој македонскиот прволигаш намали на 3-1, а за полскиот клуб погодоците ги постигнаа Квеквескири, Милиќ, Марквински и Чекала.



Фото-вест: FC Shkupi (Facebook)