24фудбал

Работнички се засили со Попоски

„Романтичарите“ денеска ја совладаа Македонија Ѓорче Петров со 2-1 во контролен натпрева, а главната фаза од зимските подготовки ќе ги одработат во Анталија.

Македонија

19 годишниот Охриѓанец, Димитриј Попоски потпиша за Работнички, а во клубот од Дебар Маало доаѓа од редовите на велешки Борец, за кого до полусезоната запиша 14 настапи.

Попоски игра на левата бековска позиција, а бил во младинскиот погон на Вардар и Њу Старс, а тој е четвртото засилување за „Романтичарите“ во јануарскиот преоден рок по Арменд Алими, Арбин Зејнулаи и Анес Рушевиќ.

На Дебармаалци им претстои битка за опстанок во елитното фудбалско друштво во Македонија со оглед на фактот што полусезоната ја завршија на 8 место на табелата по 18 одиграни кола, односно со 22 бода, само два повеќе во однос на Скопје кој се наоѓа на позицијата за бараж рундата за опстанок.


Фото-вест: fkrabotnicki.com