24фудбал

Судијата Сера плачел во соблекувалната, Ибрахимовиќ покажал дека е голем човек

Медиумите од Италија пренесуваат дека судијата Марко Сера тешко се помирил со грешката која ја направи на дуелот помеѓу Милан и Специја и поништениот гол на Жуниор Месијас, арбитарот бил во шок и солзи во соблекувалната.

Италија

Милан синоќа беше оштетен на дуелот против Специја, Жуниор Месијас во 92. минута погоди за 2-1 но голот не важеше бидејќи секунда претходно се слушна свирчето на судијата, кој наместо да остави предност, досуди прекршок над Анте Ребиќ.

За маката да биде поголема, Специја постигна гол 96. минута и го остави Милан со празни раце.

Судијата Марко Сера по крајот на натпреварот им се извинил на „росонерите“, а извинување пристигнало и од асоцијацијата на судии во Италија.

Неколку извори од Италија сега пренесуваат дека Марко Сера бил во шок и солзи во соблекувалната, а Златан Ибрахимовиќ покажал дека е голем човек, го тешел арбитарот и му порачал дека „Се случуваат грешки“.

На Швеѓанецот му се придружиле уште тројца-четворица играчи, кои исто така го храблеле судијата, наместо да го прекоруваат за грешката.