24фудбал

Швеченко нема долго да биде без работа

Андриј Шевченко кој пред само неколку дена доби отказ од кормилото на Џенова, се шпекулира дека ќе биде нов тренер на Бенфика.

Останато

Легендарниот Жорж Жесус си замина од тренерската позиција на Бенфика, а тимот привремено го води Нелсон Верисимо.

Португалскиот клуб е во потрага по нов тренер, големи се шансите изборот да падне на Шевченко.

Шевченко одлично ја водеше селекцијата на Украина, но потфрли во Џенова каде поради лошите резултати не се задржа долго.

Сепка, неговиот престој во Џенова можеби и не е мерило за неговиот квалитет ако се земе во предвид фактот дека италијанскиот клуб нема доволен број на добри играчи. Пример синоќа во првиот меч без Шевченко загубија со 6-0 од Фиорентина.