Медиумите пренесуваат дека Лео Меси еден час седел пред својот Ајпад и ја следел „Д Бест“ церемонијата и покрај тоа што знаел дека нема да добие никаква награда и Роберт Левандовски ќе биде прогласен за фудбалер на годината.
Категорија: Англија 18.01.2022 09:02
Светската куќа на фудбалот синоќа ги одбираше најдобрите во годината, трофејот „Д Бест“ заврши во рацете на Роберт Левандовски, Полјакот до ова признание стигна пред Лео Меси и Мохамед Салах.
Медиумите сега пренесуваат за убав гест на Лео Меси, Аргентинецот еден час седел пред својот Ајпад и ја следел церемонијата (која беше виртуелна) и покрај тоа што знаел дека нема да добие никаква награда.
Аргентинецот од својот дом се појави на екраните и со насмевка на лицето чекаше да биде отворен ковертот и да биде прочитано името на Роберт Левандовски.
Во последните неколку години, Лео Меси и Кристијано Роналдо (двете најголеми имиња на денешницата а можеби и во историјата) често знаеа да не се појават на церемониите доколку нивното име не се наоаѓаше помеѓу победниците.