24фудбал

Фиорентина до врв ја наполни мрежата на Џенова, Пандев не играше (ВИДЕО)

Фиорентина со 6-0 ја победи Џенова во првиот натпревар по отказот кој го доби Шевченко, Горан Пандев остана на клупата за резерви.

Италија

Се чини дека не е до тренерите, Џенова нема тим кој може да остварува резултати како во претходните сезони. Денеска доживеаа дебакл во Фиренца.

Влаховиќ можеше да донесе водство во 11. минута од мечот, но промаши пенал.

Само четири минути подоцна Одриозола го отвори резултатот, а до крајот на првото полувреме погодија и Бонавентура и Бираги за водство од 3-0 на Фиорентина.

Виолетовите и во второто полувреме дадоа три гола, Влаховиќ, Бираги и Тореира погодија за конечни 6-0.