24фудбал

Судијата му се извинил на Милан, но го очекува подолга суспензија

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли соопшти дека судијата Сера им се извинил за големата грешка која значеше цели три бода за росонерите.

Италија

Милан на свој терен загуби од Специја со 1-2, гостите погодокот за победа го постигнаа во 96. минута. Но се ќе беше поинаку ако не се случеше кардиналната грешка на судијата Сера. 

Во 92. минута Месиас даде гол, но пред тој да шутне судијата свирна фаул за Милан. Не почитуваше предност. 

„Знаевме дека тоа беше неправда, за поразот и ние сме виновни, но одговорноста ја делиме со судијата. Жал ми е што го кажувам тоа. Тој дури и ни се извини, можеби тоа дури не беше ни фаул. Штета“, изјави Пиоли.

Според италијанските медиуми, Милан добил извинување и од асоцијацијата на судии во Италија.

Информациите велат дека и покрај извинувањето, судијата Сера ќе добие суспензија и нема да суди во наредните неколку кола.

Тренерот на Специја, Тиаго Мота не ја прокоментира судиската грешки и рече дека неговите момци заслужено го победиле Милан.