24фудбал

Мартинез се враќа во Евертон во пакет со Анри?

Белгискиот фудбалски стратег претходно се поврзуваше со Арсенал, Астон Вила, Њукасл и Тотнем, но и Барселона.

Англија

Евертон веќе го контактирал својот поранешен тренер Роберто Мартинез, а воедно и му доставил понуда на 48 годишниот Белгиец кој беше на чело на кормилото на „Карамелите“ во периодот од 2013 до 2016 година.

Мартинез веќе ја разгледува понудата на Евертон, а сето тоа во консултации со куќата на фудбалот на Белгија, со оглед на фактот што е селектор на таа репрезентација.

Сепак, првичните информации говорат дека нема да изненади доколку Белгиецот ја одбие понудата за целосно да се посвети на националната селекција и големиот предизвик што претстои годинава, Светското првенство во Катар.

Како и да е, „Атлетик“ пак наведува дека Мартинез посакува за асистент во Евертон да го има Тијери Анри, со кого исто така соработува во националниот состав на Белгија.

Куќата на фудбалот во Белгија претходно беше децидна во ставот да не го дели Мартинез со клуб додека тој е на чело на селекцијата.