24фудбал

Судијата му зема победа на Милан, скандалозна одлука (ВИДЕО)

Да не беше една неверојатна грешка на судијата Марко Сера, Милан ќе ги освоеше сите три бода од дуелот против Специја.

Италија

Течеше 92. минута кога Жуниор Месиас постигна гол за водство на Милан од 2-1. Но пред тој да ја шутне топката судијата свирна, досуди фаул за росонерите врз Анте Ребиќ.

Судијата не почитуваше предност и покрај тоа што ударот на Месиас беше веднаш по фаулот врз Ребиќ. Росонерите беа гневни на оваа одлука. Сера се извини, но тоа ништо не му значи на Милан.

И не само што не победија, некоја минута подоцна примија и гол и го загубија натпреварот.