24фудбал

Специја со гол во 96. минута го победи Милан на Сан Сиро, триумф на Елмас и Наполи во Болоња (ВИДЕО)

Милан доживеа вистински шок на Сан Сиро откако со 2-1 загуби од Специја во еден контроверзен натпревар, Наполи со 2-0 славеше на гостувањето кај Болоња.

Италија

Милан беше подобар противник од Специја, но наместо да победи го загуби мечот, можат да бидат бесни и на судијата кој со предвремена свирка им украде гол.

Во 45. минута Тео Ернандез не реализираше пенал за Милан, но брзо потоа, во следната минута Леао донесе водство за росонерите.

Течеше 64. минута кога Агудело го изедначи резултатот на 1-1.

Милан со сите сили напаѓаше, а на почетокот од судиското продолжение домаќините дадоа гол кој не им беше признаен бидејќи судијата претходно свирна прекршок за нив, не почитуваше предност.

Потоа следуваа две одлични шанси на Ибрахимовиќ, шут под пречката од слободен удар и удар со глава по кој ја погоди конструкцијата од голот.

За пропуштените шанси следуваше казна во 95. минута кога по еден контра напад Гиаси погоди за победа на Специја од 2-1.

Наполи со 2-0 ја победи Болоња на нејзин терен. Лозано ги даде и двата гола, еден во првото и еден во второто полувреме. 

Елмас кој беше стартер беше асистент на првиот гол, тој остана на теренот до 86. минута.

По денешните натпревари Елмас се доближи на два бода до Милан.