24фудбал

Манчестер јунајтед ќе искешира 40 милиони фунти за фудбалер на Астон Вила?

Фудбалерот од средниот ред на Астон Вила има договор со тој клуб до 2024 година, а сезонава запиша три гола и две асистенции зад своето име во Премиерлигата.

Англија

Според информациите кои ги објави „Телеграф“, Манчестер јунајтед сериозно размислува да тргне по потписот на Џон МекГин од Астон Вила, Шкотланѓанецот кој има одлична полусезона за тимот од Бирмингем.

Се верува дека освен тоа што 27 годишниот МекГин котира високо на листата на желбите кај Ралф Рангник, истовремено го привлекол и вниманието кај своите сонародници, техничкиот директор Дарен Флечер, но и поранешниот легендарен тренер на „Црвените ѓаволи“, Алекс Фергусон.

„Телеграф“ додава дека сумата која Манчестер јунајтед би можел да ја издвои за ангажман на фудбалерот од средниот ред на Астон Вила би изнесувала околу 40 милиони фунти.