24фудбал

Дејан Илиев се збогува со Арсенал: Еднаш топчија, секогаш топчија

Дејан Илиев по девет години како член на Арсенал, го напушта лондонскиот клуб, преку социјалните мрежи тој се збогуваше со тимот.

Македонија

Македонскиот голман Дејан Илиев си заминува од Арсенал за кој настапуваше во младите категории, а потоа беше праќан на позајмица во повеќе клубови.

„Пред една декада дојдов како момче, сега заминувам како маж. Местото го нарекувам мој дом, луѓето ги нарекувам моја фамилија. Им благодарам на сите во клубот за можноста и поддршката. Ми беше чест да работам со најдобриот стручен штаб и најдобрите соиграчи. Еднаш топчија, секогаш топчија“, вели Илиев.